Поврзете се со нас

Италија

Саки за сезоната на Милан: Пиоли ги чувствува последиците од лошите трансфер потези

Објавено

на

Ариго Саки уште еднаш ја коментирал актуелната ситуација во Милан, во сезоната во која „росонерите“ не успеаја да обезбедат нокаут фаза во Лигата на шампионите и веќе имаат големо заостанување зад лидерот Интер во Серија А.

Во својот коментар за „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Милан смета дека екипата нема баланс и дека целата вина за тоа не може да му се припише на тренерот Стефано Пиоли.

– Гледам дека Пиоли често добива критики, но треба да се направи проценка и на фудбалерите со кои располага.

– Милан понекогаш делува како да не знае зошто е на теренот, потоа ќе дојдат пет-шест добри натпревари, па на крајот ќе дојде некој нов хаос. Нема баланс на теренот и континуитет во резултатите и екипата не може да се помести од оваа „мртва точка“. Она што мора да го направи Пиоли е да ги седне на клупа оние кои не се залагаат доволно и не помагаат во одбрана, ако не го направи тоа, таквиот фудбалер ќе му нанесе штета на целиот тим.

– Дел од вината лежи и во потезите на трансфер пазарот. На Милан му требаше стопер, како и еден напаѓач кој ќе му дозволи на Жиру да се издиши. Истовремено тешко е да се интегрираат толку странци во еден тим, имам впечаток дека најголем број од засилувањата не се одобрени од Пиоли, ако е спротивно тогаш се работи за голема грешка.

– Генерално, сметам дека екипата е составена на погрешен начин, не гледам проект како што беше во минатото, – вели Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни