Поврзете се со нас

Италија

Саки за поразот на Милан од Атлетико: Очекувам Пиоли да ја научи лекцијата од својата грешка

Објавено

на

Легендарниот италијански тренер Ариго Саки го коментирал поразот на Милан од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, не криејќи дека има замерки за својот помлад колега Стефано Пиоли.

Милан водеше против Атлетико, но откако Кеси заработи црвен картон, Атлетико најпрвин израмни, а на крајот го комплетираше пресвртот со пенал во самиот финиш.

– Милан играше убаво и храбро, но за жал во тешките моменти (по исклучувањето на Кеси) реши да отстапи од својата тактика и почна да игра дефанзивно со шест фудбалери во последната линија.

– Можеби најдобрата опција за Пиоли беше да ја задржи истата формација со еден напаѓач помалку, па и противникот ќе мораше да мисли на играта во одбрана.

– На СП во 1994 година, италијанската репрезентација играше натпревари со фудбалер помалку, но победуваше. На крајот, Милан не заслужи да загуби, но италијанската тактика не му помогна, Пиоли е интелигентен човек и верувам дека ќе ја научи лекцијата, – изјавил Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни