Италија
Саки за најавениот нов тренер на Милан: Очекував многу поголемо име
Стефано Пиоли вчера го одработи последниот натпревар како тренер на Милан, а многу брзо после тоа почнаа силните гласини дека клубот се подготвува за промоција на неговиот наследник.
Конечниот избор е Португалецот Паоло Фонсека и само прашање на време е кога оваа информација ќе биде официјално потврдена од клубот, нешто за што говори и легендарниот стручњак на „росонерите“, Ариго Саки.
Повикувајќи се на свои извори, Саки тврди дека работата е веќе завршена, па во последното интервју за „Газета“ не го криеше и разочарувањето од одлуката на директорите.
– Да бидам искрен, очекував многу поголемо и позвучно име. Или, да бидам попрецизен, очекував италијански тренер. Очекував директорите на Милан да изберат домашен тренер.
– На Милан му е потребен стратег, тренерот кој ќе може да изгради свој стил на игра со карактеристиките на играчите кои ги има во моментот. Имаше неколку италијански тренери кои ќе „легнеа“ добро во Милан. Тука мислам на Де Ѕерби, Сари, Гасперини, Италијано и Мота. Тие ја познаваат Серија А и запознати се со динамиката. Фонсека е некој што допрва ќе треба да го откриеме, – вели Ариго Саки.
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија4 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија22 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија21 час
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија5 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда