Поврзете се со нас

Европски првенства

Саки за дебито на Италија на ЕП: Мисијата е исполнета, пресвртот докажа важен квалитет

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Azzurri_En

Италија ги освои трите бода во дуелот со Албанија, но актуелниот европски првак не може да биде премногу задоволен од својот премиерен настап на ЕП во Германија.

Селекторот Лучијано Спалети веќе истакна голем број негативни моменти за дуелот на кој противникот поведе уште во првата минута, но неговиот поискусен колега Ариго Саки смета дека во ваква ситуација треба да се гледа само на постигнатиот резултат.

– Со оглед на тоа колку малку време имаше за подготовки за ова ЕП, па и кога се работи за прв натпревар на турнирот, најдобро е да размислуваме само на тоа дека сме го постигнале посакуваниот резултат и сме ги освоиле бодовите.

– Грешките треба да се анализираат внимателно, но најважно е што ја добивме посакуваната реакција по големата грешка и предноста на противникот.

– Не е лесно да се вратите по таков шок, тоа е знак дека репрезентативците поседуваат карактер и тоа е важен аспект кој може да биде клучен за вака долг турнир. Сега треба да се работи на деталите и сигурен сум дека со инструкциите на Спалети, оваа Италија ќе расте од натпревар во натпревар, – истакнал Саки.

Следен противник на европскиот првак е Шпанија и тоа во четврток.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни