Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Саки со позитивна оценка за великанот: Можат да ја освојат титулата во ЛШ

Објавено

на

Ариго Саки е италијанска легенда, човек кој низ кариерата оствари успеси за кои и денеска се зборува, па ценетиот фудбалски работник се обидува со своите конструктивни критики, ставови да им помогне на клубовите на Апенините.

Саки по завршувањето на групната фаза на Лигата на шампионите говореше за настапите на калчолигашите, а за еден од нив даде највисока оценка и верува дека може и да ја освои титулата-тоа е Интер, тим кој заврши на четвртото место на табелата со 19 освоени бода и со само еден примен гол на осумте натпревари.

-Интер може да се бори да ја освои Лигата на шампионите. Тоа го покажа нивната убедлива победа над Монако, со хет-трик на Лаутаро Мартинез и целото патување што го направија во Европа.

-Комплетен, искусен тим полн со таленти (и каков одличен напаѓач е Лаутаро!) и со силен дух на пожртвуваност, -порача Саки кој смета дека Милан и Јувентус мора да се разбудат, позитивна оценка даде за Аталанта, додека пак за Болоња која беше елиминирана смета дека немала тим за да се боти на ова ниво.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни