Поврзете се со нас

Италија

Саки со брутална анализа на ужасното дерби меѓу Милан и Јувентус: Му дофрлив неколку зборови на Барези

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Пауло Фонсека тврди дека Милан се уште може да се бори за титулата и покрај тоа што заостанува десет бода на табелата, но ако се суди според изданието кое го имаше неговиот тим против Јувентус, малку е верно дека има било каква реалност во ова негово тврдење.

Португалскиот стручњак останува оптимист во идејата која се обидува да им пренесе на своите фудбалери, но наспроти неговите размислувања, оние на Ариго Саки се сосема различни.

Легендарниот тренер на Милан потенцира дека „росонерите“ немаат никакви шанси за титуалта, а откако присуствувал на трибините на „Сан Сиро“ во саботата, имал и порака за легендарниот Франко Барези.

– Во саботата бев да гледам два тима кои допрва треба да го исполнат својот потенцијал, но наместо тоа, го гледав најлошиот натпревар досега, немаше ниту една искра на теренот. Многу отсуства може да го оправдаат таквиот настап на Јувентус, но Милан навистина ме разочара.

– Свирежите на навивачите беа целосно оправдани после лошата претстава на тимот. Сите бевме шокирани кои го гледавме мечот, тоа беше навистина негативна вечер. Седев блиску до Франко барез ии Даниеле Масаро, а додека го следев бавниот интензитет на игра, во еден момент им дофрлив: Ако продолжат вака, слободно може да влезете во игра. Им порачав дека сигурно ќе остават ист впечаток како актуелните играчи на двата тима, – изјави Саки, кој сепак не ја префрла цената вина кај Фонсека.

– Најлесно е да се обвини тренерот. Сепак, според мене, не е фер да се критикувам еден колега. Милан страда на теренот, тоа се гледа од меч во меч, но главното прашање е следно: Дали тој ги избра овие играчи? Ако беше така, тој ќе беше главен виновник, но клубот му ги даде овие играчи и мора да се подели одговорноста. Милан има премногу подеми и падови, нема колективна игра, – заклучува Саки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни