Поврзете се со нас

Италија

Саки сигурен: Италија ќе ги изненади сите на ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/BolognaFC1909en

Италија се најде во прилично тешка група и ќе мора да игра против Шпанија и Хрватска за пласман во следната фаза на Европското првенство, ждрепка која направи „аѕурите“ да бркаат триумф по секоја цена уште во првото коло.

Актуелниот европски шампион ќе отвори против Албанија и тоа ќе биде добра шанса за посакуван резултат, а легендарниот Ариго Саки верува дека добро издание против Албанците ќе ги крене амбициите, но и самодовербата кај избраниците на Лучано Спалети.

– Работата која ми носи најголем мир во главата е Лучано Спалети. Верувам дека тој е вистинскиот човек за водење на репрезентацијата, способен е да изгради план за игра и тоа го покажа во Наполи.

– Верувам дека момците ќе можат да го следат неговиот план на Европското првенство, верувам дека оваа Италија ќе ги изненади сите.

– Нема да ме чуди ако Италија го почне турнирот со пол гас, играме прво против Албанија, а со победа на тој меч, следат Шпанија и Хрватска. Со сите треба да се покажа сериозност, но убеден сум дека Лучано е вистинскиот човек на вистинското место, – потенцира Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни