Поврзете се со нас

Италија

Саки предвидува пеколно тешка задача за Консеисао во Милан поради две причини

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Ариго Саки беше доста критички настроен за случувањата во Милан во последните неколку месеци, па легендарниот стручњак најавува и доста тешки моменти за новиот тренер поради две едноставни причини.

Славниот предводник на „росонерите“ постојано го следи развојот на настаните на „Сан Сиро“ и често се јавува со стручни коментари, а на стартот на новата 2025-та година реши да ги подвлече двете причини поради кои верува дека Сержо Консеисао ќе има пеколно тешка задача до крајот на сезоната.

– Ситуацијата е навистина тешка поради неколку причини. Прво и основно, Консеисао ќе мора да тренира играчи кои тој не ги избра и кои можеби не се вклопуваат во неговите фудбалски идеи.

– Тоа е првата причина, а втората е притисокот за победи во Милан. Цело опкружување секогаш го очекува најдоброто. Атмосферата е тешка, сите сакаат да има резултати веднаш и затоа Консеиосао нема да има време. Со самото тоа што прифати да биде тренер, ризикува да го претвори сето ова во голем хаос, но како и да е, јас верувам дека ќе може да успее да е справи ако добие поддршка каква што заслужува.

– Директорите мора да стојат зад него во секоја одлука. Отсекогаш сум велел, успесите започнуваат од врвот на клубот, цела организација треба да биде здрава за да има успеси. Милан направи грешка кога го избра Фонсека. Тој пристигна во клубот после неколку неубедливи искуства, а воедно директорите немаа голема верба во него. Кога се случува тоа, лесно доаѓа до лавина од непосакувани работи во фудбалот, – апострофира Саки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни