Поврзете се со нас

Италија

Саки: Овој тим на Интер има…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Интер го потврди статусот на фаворит и ги освои трите бода на гостувањето кај Калјари во последниот натпревар за оваа 2024 година.

Актуелниот италијански првак славеше со 3-0 со три гола во второто полувреме, период во кој избраниците на Инѕаги комплетно го затворија противникот, не му дадоа да мрдне и со головите на Бастони, Мартинез и Чалханоглу дојде до целиот плен кој ги донесе на само минус еден од лидерот на табелата Аталанта.

Легендарниот Ариги Саки внимателно го следел дуелот и преку „Газета Дело Спорт“ направи анализа и испрати порака дека овој тим на Интер има се што е потребно не само да го одбрани Скудетото туку и да го освои пехарот во ЛШ.

-Победата на Интер во Каљари докажа дека тимот на Инзаги стана доминантен. Тие не му дадоа шанса на противникот да реагира. Во ред разликата меѓу двата тима е огромен и еден играч на Интер чини колку целиот тим на Каљари, но никогаш не е лесно да се добијат натпревари.

-Инзаги им дозволи на противниците да извадат се во првото полувреме за да ги удри во вториот дел. По првиот гол ги видовме сите разлики меѓу двата тима, иако сакам да го пофалам Каљари за тоа како се бореше. Интер беше на високо ниво во Италија и Европа и ги има стекнато оние извесности што му дозволуваат да доминираат во натпреварите.

-Кога го преземаат водството, не се враќаат назад, не го штитат резултатот, сакаат да постигнат уште еден. Важно е дека момците на Инѕаги секогаш се убедени да доминираат во Серија А и Лигата на Шампионите бидејќи мислам дека го имаат она што е потребно за да одат до крај во европското натпреварување, -порача Саки за „Газета Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни