Поврзете се со нас

Италија

Саки направи анализа на трансфер метата на Милан: Има техника, брзина…

Објавено

на

Италијанскиот шампион Милан се очекува да бида активен во јануарскиот преоден рок и да направи неколки потези со тоа што се најавува дека клубот ќе притиска за офанзивецот на Челси, Хаким Зијеш.

Зијеш е во втор план кај „сините“, па тоа сака да ги искористат „росонерите“ кои според „Газета Дело Спорт“ се спремни да го земат на позајмица со право на откуп од околу 15 милиони евра. Наводно и Мароканецот е подготвен да ја намали платата само за да се пресели во Милано што значи веќе има одредена основа за реализација на оваа операција.

Легендарниот Ариго Саки ги следи сите актуелности околу „црвено-црните“, па од негов агол направи кратка анализа на потенцијалното засилувања.

-Го гледав против Шпанија. Има техника и брзина. Морам да признаам дека многумина мислеа дека тој ќе стане шампион кога беше во Ајакс, но малку забави, не е секогаш меѓу стартерите во Челси. Тој е многу брз, може да игра во која било од трите улоги зад напаѓачот. Порано играше лево во Ајакс, но може да се прилагоди секаде. Тој мора да има ентузијазам, тимски дух и мотивација, -рече Саки кој запрашан за тоа дали Зијеш може да му помогне на Милан одговорот беше следен:

-Повторувам, тој има квалитет, но техниката не е единственото нешто што му треба на играчот за да успее. Менталитетот е клучен. Не го познавам Зијеш лично, па не можам да му судам. Имам доверба во Малдини, Пиоли и Масара кои досега многу малку згрешиле. Ако се убедени дека може да биде корисен, тогаш треба да тргнат по него. Оние кои доаѓаат во Милан мора да разберат дека пристигнаат во вториот најголем тим во светот по Реал Мадрид. Кој и да пристигне мора да му биде благодарен на клубот. Многумина се вратија во живот благодарение на Милан, додека оние што заминаа често се мачеа, помислете на Кака или Шевченко, -истакна Ариго.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни