Поврзете се со нас

Европски првенства

Саки направи анализа на финалето: Англичаните не копираа, се обидоа да играат катеначо

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија стигна до вториот пехар на Европското првенство, успех до кој дојде откако во неделното финале на „Вембли“ ја добија Англија по ударите од 11 метри.

Регуларниот дел донесе по еден гол на двете страни кои беа дело на Шо и Кјелини, во продолженијата мрежите мируваа за да во пенал серијата херој биде Џанлуиџи Донарума.

Своја анализа за тоа што видовме во Лондон даде легендарниот Ариго Саки кој смета дека Англичаните се обиделе со цврста одбрана, бункер, катеначо тактика да дојдат до првата историска титула.

-Англичаните не копираа: тие постигнаа гол, а потоа сите се вратија во одбрана, исто како и оние тимови кои сè уште му се верни на Рапан кој го измисли катеначо во минатиот век. Можеби Саутгејт мислеше дека игра против италијански тим кој знае само да брани и да игра на контри.

-Тоа што Трипие започна на местото на Сака кажува многу за тактиката на Саутгејт, бидејќи очигледно тој не знаеше многу за идеите на неговиот колега Роберто Манчини. Се плашевме дека Англичаните ќе се обидат да ги копираат настапите на Австрија и Шпанија, врз основа на пресинг што им создаде проблеми на „аѕурите“, -вели Саки кој му се заблагодари на Манчини што го вратил напаѓачкиот стил на игра.

-Му благодарам на Манчини кој му даде напаѓачки стл на националниот тим во тежок момент за нашиот спорт. Се надевам дека италијанското ремек-дело може да даде ентузијазам и да им даде пример на италијанските тренери да ги обноват и развиваат своите идеи. Нивната способност да бидат протагонисти на теренот, нивната соработка и фудбалските идеи што ги водат и осветлуваат ја зголемија нивната храброст, разбирање и личност, -порача Ариго за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни