Поврзете се со нас

Италија

Саки испрати порака до навивачите на Милан за тренерот Фонсека: Добро ги познавам…

Објавено

на

Foto:x.com/BolognaFC1909en

Милан направи промена на тренерската позиција и местото на Стефано Пиоли го зазема португалскиот стратег Пауло Фонсека.

Ова е нов момент, ново поглавје за „росонерите“ кои имаат високи амбиции, сакаат успеси, а тие резултати сега треба да ги донесе Фонсека кој веќе има искуство во италијанскиот фудбал и тоа во Рома.

Ариго Сака внимателно ги следи сите случувања, па како легенда на Милан и на италијанскиот фудбал имаше што да кажа и порача за новите движења на „Сан Сиро“.

-Како ќе изгледа Милан на Фонсека? Како ќе играат? Kои играчи ќе ги донесат? Се разбира, навивачите ги поставуваат сите овие прашања додека чекаат да го видат тимот на теренот во претсезоната. Милан е во средина на револуција, технички и во однос на клупските директори. Златан Ибрахимовиќ ќе има големо влијание. Останува да видиме дали патеката е онаа вистинската. Го следам Пауло Фонсека уште од неговото време во Шахтјор Доњецк и добро се снајде таму.

-Потоа дојде во Италија, Рим, секогаш е тешко да се суди тренер на Џалороси бидејќи има голем притисок и не секогаш постои потребната смиреност за да се работи длабоко. Фонсека потоа се пресели во Франција во Лил каде што заврши на петтото и четвртото место. Милан внимателно го следеше пред да го ангажира, а беа убедени во неговиот квалитет. Не можам да му судам без да го видам и фановите мора да бидат трпеливи бидејќи не можете да изградите зграда за ден-два, -вели Саки и додава:

-Мислам дека Фонсека веќе докажа дека се потпира на солидна организација и доминација на теренот. Ова е многу важно бидејќи е во согласност со модерниот фудбал. Како и да е, од фундаментално значење е неговите играчи да притискаат низ целиот терен и да го задржат вистинското растојание помеѓу линиите; во спротивно целата работа ќе биде уништена, -истакна Ариго и испрати порака до навивачите.

-Тие исто така ќе имаат клучна улога. Добро ги познавам навивачите на Милан. Тие се искусни, ја сакаат убавината и сакаат да се забавуваат. Во овој случај, тие ќе треба да бидат трпеливи и да не вршат притисок врз тренерот или играчите, -заклучи легендарниот ас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни