Италија
Саки го посочи главниот проблем на Милан: Најголемата грешка…

Милан бележи пад во формата и најдобар доказ за тоа се резултатите од кои особено болен беше поразот од Удинезе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ освоија само еден бод на последните три средби во Серија А, а лошо му оди и во Лигата на шампионите каде се уште чека на првиот гол и со два бода е на четвртата позиција во групата Ф во конкуренција на ПСЖ, Борусија Дортмунд и Њукасл.
Ова прави да се зголеми притисокот врз тренерот Стефано Пиоли, навивачите се незадоволни и имаше свирежи по поразот минатиот викенд, но според легендарниот Ариго Саки предводникот на „црвено-црните“ не е виновен за актуелната ситуација.
-Има ли некој што мисли дека е виновен Пиоли? Се надевам дека не. Мислам дека најголемата грешка е направена на стартот. Оттука почнаа сите проблеми. Беа потпишани премногу странски играчи. На оние кои доаѓаат од странство им треба малку време да ја разберат нашата лига и нашите методи. Овие момци изгледаат збунети и резултатот е дека Милан не секогаш изгледа како тим. Мислам дека свирежите беа фер бидејќи изведбата беше ужасна. Факт е дека нема доволно време да влезе во главите на играчите и да ги убеди да станат колектив, -порача Саки кој смета дека Стефано треба да најде „лидерство“ во неговиот тим.
Калчолигашот има средби со ПСЖ и Лече пред новата репрезентативна пауза.
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 19 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 18 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Атлетикапред 19 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 12 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 10 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)