Поврзете се со нас

Италија

Саки го истакна клучниот момент на Суперкуп дербито и испрати издржана критика до Интер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Милан вчера на драматичен начин успеа да го победи Интер во финалето на италијанскиот Суперкуп, во натпревар кој ги оправда очекувањата на фудбалските фанови, но и на искусниот Ариго Саки.

Поранешниот трофеен тренер со внимание ги следел случувањата во Ријад, истакнувајќи неколку клучни елементи, но и решавачкиот момент по кој Милан тргна во креирање на пресвртот.

– Прво што мора да се потенцира дека двете екипи одиграа супер натпревар, со интензитет на премиерлигашки дуел. Ова беше одлична реклама за италијанскиот фудбал.

– Милан покажа дека е жив и против Јувентус и против Интер, а Консеисао потврди дека е одличен тренер. Четврто, Интер со тој состав со кој располага, мора да го менаџира натпреварот многу подобро во ситуација кога има водство од 2:0.

– Пресуден момент беше влегувањето во игра на Леао, Португалецот се снајде одлично и го промени натпреварот. Кога го гледам како игра на овој начин, уште повеќе ме лути. Има неверојатни квалитети, но несекогаш го покажува целиот потенцијал, мора да биде попостојан за да достигне врвно фудбалско ниво, – рекол Саки.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни