Поврзете се со нас

Италија

Саки: Анчелоти ми се јави седум пати во изминатите неколку дена

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Европското дерби меѓу Реал Мадрид и Милан секогаш привлекува огромно внимание, но сега уште повеќе поради присуството на голема легенда на „росонерите“ во противничкиот табор.

Анчелоти оствари своја историја на „Сан Сиро“ и како играч и како тренер, па во најавата за големата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“, во повеќе наврати се слушнал со својот ментор.

Ариго Саки беше тренерот кој му даде вистинска шанса на Анчелоти во „црвено-црниот“ дрес, или поточно, Ариго беше човекот кој директно бараше од Силвио Берлускони да го купи Карло кој дотогаш настапуваше за Рома.

– Карло е спектакуларна личност, ми се јави најмалку седум пати во последните неколку дена. Тој е интелигентен, но и многу скромен. Тоа се два човечки квалитети кои секогаш одат заедно.

– Анчелоти беше првиот играч кој го побарав од Берлускони. Силвио се двоумеше, а јас самошто пристигнав во Милан. Колената на Карлето не ветуваа многу, но јас веднаш му кажав на Силвио дека ќе го освоиме Скудетото со играч како Анчелоти, – открива Саки во интервјуто за „Газета“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни