Поврзете се со нас

Англија

Сака за најлудата рутина на еден англиски пеналџија: Сите сме воодушевени од тоа што го прави (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Англија беше непогрешлива во пенал рулетот со Швајцарија и благодарение на тоа се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, а еден од јунаците во фудбалската лотарија беше Иван Тони.

Напаѓачот на Брентфорд влезе во самата завршница само за да изведе пенал, а тоа се покажа како вистински потег од Герет Саутгејт.

Тони биеше ладнокрвно и одново ја прикажа најлудата рутина која е карактеристична за него, односно погоди во мрежата на Зомер без да остави контакт со топката.

Англискиот репрезентативец ниту еднаш не ја погледна топката и тоа е станардна рутина за него кога изведува пенали, а оваа негова техника ги воодушевува и поважните играчи во стартниот тим на „Гордиот Албион“.

– Кога го гледаме на тренинзите и кога гледаме како го вежба тоа, навистина е неверојатно и лудо. Сите сме евоодушевени, не знам како може во ниту еден момент да не ја погледне топката, – изјави Сака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни