Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сака: Реал треба да се плаши од Арсенал…

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Утре се отвара четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, а еден од дуелите кој е на програмата е оној меѓу Арсенал и Реал Мадрид.

Ова е пресметката на премиерлигашот со актуелниот европски шампион, битка на два тима кои се на вторите позиции во своите првенства, два тима кои посакуваат да дојдат до самиот крај на ова натпреварување.

Еден од најзначајните адути на Арсенал треба да биде Букајо Сака без разлика на тоа што само што се врати на фудбалските терени. Сака е оптимист е верува дека имаа квалитет, оружје поради кое треба да биде загрижен составот од Мадрид.

-Да 100% [тие имаат работи поради кои треба да се плашат за нас]. Ако погледнете назад, мислам дека не сме загубиле натпревар на Емирати во Лигата на шампионите за околу две години. Сигурен сум дека го знаат тоа. Затоа, тие треба да бидат подготвени, бидејќи ние сме прилично добри на Емирејтс.

-Знаеме колку се добри и квалитетот што го поседуваат во последната третина. Треба само да бидеме подготвени за нив, но и да се наметнеме. Мислам дека сите знаеме што прават, гледаме многу од нивните камбекови и нивните победи. Но се надевам дека нема да биде така во оваа пресметка, -истакна офанзивецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни