Лига Европа
Сака и Обамејанг ја решија драмата во Пиреја, Елмас и Наполи се збогуваа од Лига Европа (Видео)

Арсенал и Бенфика го одиграа убедливо највозбудливиот и најинтересен реванш натпревар во средбите од 18:55 часот, бидејќи на пресметката во Пиреја видовме два пресврти, пет гола и пласман на благиот фаворит во наредната рунда во Лига Европа.
По конечните 1:1 на првиот натпревар во Лисабон, вториот се играше во Пиреја поради Ковид протоколите и безбедносните мерки, па така Арсенал имаше улога на домаќин во Грција.
„Топчиите“ поведоа со голот на Пјер Емерик Обамејанг по асистенција на Сака, но во продолжение следеше студен туш, односно два гола на „лисабонските орли“ за пресврт и водство од 1:2. Гонкалвеш постигна фантастичен гол од слободен удар, Силва ја искористи голема грешка во одбраната на Арсенал за 1:2, па за Англичаните следеше пеколно тешка задача.
Добра вест за нив беше тоа што Тирни доста брзо израмни на 2:2 во 67-та минута, а на крајот, улогата на херои ја преземаа Сака и Обамејанг. Овој првиот испрати точен центаршут и го погоди својот напаѓач во глава, а на Габонецот не му беше тешко да ја смести топката во мрежа за пласман во осминафиналето со победа од 3:2, вкупни 4:3.
Во оваа рунда ќе ја гледаме и Гранада, која на крајот по два натпревари излезе како подобра од Наполи, тим кој имаше максимална доминација на „Диего Армандо Марадона“, но скапо го плати првиот катастрофален меч во Шпанија. Гранада на домашен терен победи 2:0, а вечерва загуби со 2:1 и се пласираше во наредната фаза. Елиф Елмас беше стартер и одигра 60 минути пред местото да му го отстапи на Мертенс, а стрелци на погодоците беа Зиелински и Руиз за домашните, односно Монтеро за гостите.
Во осминафиналето пласман обезбедија и Вилјареал, Шахтјор, Ренџерс, Молде и Ајакс.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити