Поврзете се со нас

Англија

Сака и Хаверц за прва радост на Арсенал, Њукасл со десетмина до славје на „Сент Џејмс Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Arsenal

Арсенал и Њукасл со домашни победи ја отворија новата сезона во англиската Премиер лига.

Клубот од Лондон беше подобар од Вулверхемптон со 2-0 и тоа пред се благодарение на дуото Хаверц-Сака. Во првото полувреме погоди Германецот на асистенција на Англичанецот, додека во 74 минута се сменија улогите за зголемување на водството, а воедно и потврда за трите бода.

Њукасл пак со доста мака го доби Саутемтпон со 1-0. Домаќините уште во 28 минута останаа без Шер кој доби престрог црвен картон по еден дуел со Бреретон Диаз. Ама и со десетмина на теренот, Њукасл успеа да дојде до гол преку Жоелинтон во 45 минута.

Во второто полувреме избраниците на Хау се затворија, се бранеа и дојдоа до целта.

На другите средби Нотингем Форест и Борнмут одиграа без 1-1, додека Брајтон го потопи Евертон на „Гудисон Парк“ со 3-0.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни