Поврзете се со нас

Англија

Сака да игра за Мурињо: Џака го моли Арсенал да го пушти во Рома

Објавено

на

Гранит Џака веќе неколку години е дел од премиерлигашот Арсенал, но токму ова лето може да донесе негово заминува и трансфер во редовите на Рома.

Швајцарецот е подготвен да се пресели во Рим и да игра под водство на Жозе Мурињо, па според „Кориере Дело Спорт“ веќе и ги договорил личните услови, четири годишен договор вреден по 2,5 милиони евра по сезона.

Сега останува клубовите да се договорот со тоа што самиот Џака бара од Арсенал да му овозможи трансфер на „Олимпико“. „Топчиите“ за него во 2016 година платија 45 милиони евра, додека сега бараат 20 плус одредени бонуси и сега останува да видиме дали оваа зделка ќе се реализира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни