Поврзете се со нас

Репрезентација

Сака да ги провери сите расположливи сили: Бајиќ ќе ги тестира синовите на Наумоски, Стефанов, Боцевски, Симиќ…

Објавено

на

Македонската кошаркарса репрезентација ова лето ја очекува нов предизвик, настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство, турнир кој ќе се игра во Скопје и на кој силите ќе ги одмериме со Швајцарија и Словачка во периодот од 12. до 18 август.

Селекторот Драган Бајиќ веќе испрати 13 покани до играчите кои подготовките ќе ги започнат на 12 јули во СЦ „Јане Сандански“. Меѓутоа Бајиќ сака да има комплетен увид во моменталната состојба на македонската репрезентативна кошарка, па затоа од 10 јуни ќе ги тестира младите надежи, актуелните членови на селекциите под 20 и под 18 години.

На истиот се синовите на нашите легенди Наумоски, Стефанов, Симиќ, Боцевски, па останува да видиме што новиот предводник ќе извлече од новите генерации и дали можеби истите веднаш ќе добијат шанса за настап во А репрезентацијата.

На првиот тренинг, планиран да се реализира во салата на СЦ „Јане Сандански“, се повикани:

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка)

Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка)

Виктор Ефремовски (Работнички)

Валмир Какруки (Навико Академија ФМП)

Андреј Настовски (Црн Дрим)

Андреј Митревски (ТФТ)

Иван Волкановски (Куманово 2009)

Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија)

Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија)

Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија)

Покани пак за настап во претквалификациите за СК 2023 година, се испратени до следниве кошаркари:

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Горјан Марковски (Куманово 2009)

Дамјан Робев (Куманово 2009)

Љубомир Младеновски (Работнички)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)

Стојан Ѓуровски (ХЛА Аликанте – Шпанија)

Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни