Поврзете се со нас

Свет

Сака да биде тренер: Гундоган откри што ќе „украде“ од Гвардиола, Клоп и Тухел

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган веќе долго време е на големата сцена и има забележано доста успеси во клубовите во кои има настапувано, клубови во кои има соработувано со доста познати, квалитетни тренери кои сигурно ќе му помогнат во новото поглавје во животот, односно еден ден да биде стратег.

Фудбалерот на Барселона се гледа покрај аут линијата по завршувањето на активната кариера, па веќе има и одредена визија и сака да го следи патот на Чаби Алонсо, но и воедно знае што ќе „украде“ од Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Томас Тухел со кого работеше низ досегашното патување.

-Сакам да бидам тренер кој може одлично да се соживува со своите играчи, но има и фудбалска интелигенција. Би сакал да одам сличен пат како Чаби Алонсо во Леверкузен. Го запознав во Манчестер кога го гледаше Пеп. Тој ми остава впечаток дека е многу пријатна, автентична личност која исто така му дава јасен план на својот тим. Препознавам елементи од филозофијата на Пеп, но и неговите сопствени идеи. Тоа ја добива мојата почит, -рече Гундоган и додаде:

-Од Пеп дефинитивно би ја земал фудбалската интелигенција, од Клоп татковскиот авторитет, од Тухел тренинг содржината и неговото око за детали. Тухел, на пример, секогаш внимава на положбата на стапалата при примање и носење на топката, -подвлече Германецот за „Шпигел“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни