Сајт на годината

Сајт на годината

Изборот под покровителство на Претседателот на Македонија, „Сајт на годината“, во неколку наврати го вклучи „Дерби“ меѓу најдобрите спортски страници.

Во пресрет на својот прв роденден, www.derbi.mk беше награден во изборот „Сајт на годината 2013“, и тоа како второпласиран во категоријата Спорт, меѓу 49 номинирани страници, а во подеднакво силна конкуренција во 2014 година го доби признанието за првото место.

„Дерби“ постои за читателите и за спортот, а овие награди не обврзуваат да продолжиме во зацртаната насока, нудејќи квалитетни и ексклузивни содржини, што е наш заштитен знак.