НБА
Сајмонс го шокираше Денвер со звукот на сирената, Јокиќ добива доста критики за дефанзивната реакција (Видео)
Никола Јокиќ повторно има МВП бројки од стартот на сезоната и одново е главен фаворит да биде прогласен за најдобар играч во НБА лигата, но во последно време Србинот се соочува со се почести критики за играта во одбрана.
Ваквите прозивки станаа уште поинтензивни ова утро поради лошата реакција која ја имаше Јокиќ во последниот напад на Портланд, акција која се покажа како пресудна за прв пораз на Денвер по серијата од три победи.
Нагетси се вратија од голема негатива (минус 17) која ја имаа на стартот на последната четвртина, па иако дојдоа во ситуација да се борат за продолжение, лошата одбрана над Анферни Сајмонс ги шокираше гостите со звукот на сирената.
Најдобриот играч на Портланд ја презема одговорноста во последниот напад и лесно се ослободи од Вестбрук, но при влезот не доби очекуван отпор од Јокиќ кој поради премлаката реакција наиде на доста критики во јавноста.
Сајмосн успеа да погоди за својот 28-ми поен на натпреварот, а истиот се покажа како клучен за тесна победа од 126:124 на неговиот тим.
Јокиќ дотогаш беше најдобар кошаркар на паркетот со 34 поени, 6 скокови и 8 асистенции, но сепак тоа падна во втор план поради лошата дефанзивна реакција на крајот.
ANFERNEE SIMONS GAME WINNER. 🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 20, 2024
НБА резултати:
Детроит – Јута 119:126
Орландо – Оклахома 99:105
Вашингтон – Шарлот 123:114
Бостон – Чикаго 108:117
Торонто – Бруклин 94:101
Хјустон – Њу Орлеанс 133:113
Мемфис – Голден Стејт 144:93
Сан Антонио – Атланта 133:126
Далас – Л.А. Клиперс 95:118
Феникс – Индијана 111:120
Минесота – Њујорк 107:133
Портланд – Денвер 126:124
Сакраменто – Лејкерс 100:113
-
Шпанија23 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Шпанија23 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија13 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Англија14 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
Шпанија14 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)