Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц за дебито во Ферари: Болидот е подобар од лани, резултатот не е мерило

Објавено

на

Карлос Саинц дебитираше во болидот на Ферари со освојување на осмото место во Бахреин, а тој вели дека резултатот не вистински показател за тоа што се случувало за време на викендот.

Шпанецот стартуваше од осмото место, кое бргу го загуби, но до крајот на трката успеа да обезбеди 4 поени засебе и за својата екипа.

– Генерално, викендот беше подобар од тоа што го покажува резултатот.

– Во првите кругови веројатно бев многу внимателен, а подоцна навистина бев среќен со болидот кога успеав да ги претекнам Алонсо и Фетел, – изјавил Саинц.

Тој ја заврши трката со една секунда доцнење зад Даниел Рикардо, кој го зазема неговото место во Мекларен.

– Ова е охрабрувачки, бидејќи минатата сезона јас лесно поминував покрај Леклер, се сеќавам дека имаше голема разлика меѓу Мекларен и Ферари. Имав добра брзина во однос на Даниел, ова се позитивни сигнали бидејќи надоместував половина секунда по круг, – рекол Саинц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни