Поврзете се со нас

Свет

Саинц по трет пат во кариерата славеше на Дакар, Алонсо му честиташе на оригинален начин (Видео)

Објавено

на

Овогодинешното издание на релито Дакар за првпат во историјата се возеше во Саудиска Арабија, а по комплетирањето на предвидените 12 тешки и исрцпни етапи, како победник се издвои искусниот 57-годишен автомобилист, Карлос Саинц.

Неуморниот Шпанец уште еднаш докажа дека годините не се никаков проблем кога со мислите и ентузијазмот е како младо момче, па така денеска ја потврди својата трета титула на најтешкото рели во светот. По триумфите во 2010-та и 2018-та година, Саинц стигна до третиот триумф на Дакар, а навистина специфично е што тоа го направи со три различни автомобили. Откако претходно го направи тоа со Фолксваген и Пежо, Саинц сега победи и со Мини, оставајќи ги зад себе големите ривали Насер Ал Атијах и Стефан Петерхансел.

Покрај успехот на Саинц, за почит е и успехот кој го оствари Фернандо Алонсо, познатиот Ф1 возач кој успеа да го финишира најтешкиот предизвик во кариерата возејќи за Тојота. Токму Алонсо го украде шоуто веднаш по крајот на денешната 12-та и последна етапа, вклучувајќи се во живо во улога на новинар, со цел да му честите на својот постар колега и сонародник.

Во конкуренција на мотоциклистите, конечно се дочека победа на Хонда, а творец на истата беше Рики Брабек од тимот на Монстер Енерџи. Кај камионџиите, традиционално најдобри беа Русите, а овојпат првото место го освои Каргинов.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни