Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц не доби дозвола за тестирање, во Ферари лути поради двојните аршини на ФИА

Објавено

на

Ферари не добил дозвола од ФИА да го влучи Карлос Саинц на тестирањата кои се закажани за следната недела во Абу Даби.

Италијанскиот тим сакаше да го вклучи Шпанецот за кого е јасно дека ќе вози за Ферари следната сезона, а одлуката на ФИА предизвика негативни реакции кај другата страна, но и кај останатите екипи кои обвинуваат за двојни аршини.

Првично, тестирањето беше наменето за младите возачи кои немаат повеќе од две Формула 1 трки во кариерата, за потоа ФИА да дозволи на тестирањето да учествува поранешниот светски шампион, Фернандо Алонсо.

Во Ферари се разочарани затоа што ФИА решила да си го толкува правилото како сака и на крајот порачала дека може да донесе одлука за исклучоци за возачите кои немаат Ф1 трка во 2020 година. Тоа му дава шанса на Алонсо да тестира, а за Ферари тоа е само плод на лобирањето на Рено кај одговорните за шампионатот.

Дозвола за тестирање добија и Ред Бул и Алфа Ромео за Себастијан Буеми, односно Роберт Кубица. Иако нема официјално соопштение на оваа тема, на Твитер профил кој се смета за близок до Скудерија, се појави порака во која е изразена дилемата за критериумите на ФИА.

– Тестирање за млади возачи во Абу Даби. Кој може да вози? Алонсо (312 трки) – да, може. Буеми (55 трки) да, може. Фетел (256) не, не може. Кубица (97 трки) да, може. Саинц (117 трки) не, не може. Која е логиката?

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни