Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц ќе добие казна со која ќе биде многу подалеку од ривалите во Франција

Објавено

на

Карлос Саинц ќе мора да стартува далеку од најголемите ривали на трката за големата награда на Франција која ќе се вози во недела.

Ферари реши да менува делови на неговиот болид, па фактот што третпат сезона е променета електрониката на погонската единица, автоматски донесе десет места назадување за Шпанецот.

Се очекува италијанскиот тим да направи уште неколку модификации во текот на викендот, па најверојатно е дека Саинц ќе ја почне трката од последното место.

Ова е дополнителен проблем за возачот на Ферари, но и последица на фактот што моторот на неговиот болид откажа во завршницата на претходната трка во Австрија.

Саинц и Леклер во друштво на Ферстапен беа најбрзи на последниот слободен тренинг, а зад нив се нашол Џорџ Расел од Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни