Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц ја прифатил понудата на Ферари, трансферот ќе предизвика домино ефект

Објавено

на

Карлос Саинц веќе го информирал раководството на Мекларен дека планира да замине во Ферари, каде ќе го пополни испразнетото место по разделбата на италијанскиот тим со Себастијан Фетел, – пренесува „Би-Би-Си“.

Саинц преговораше со Мекларен за продолжување на соработката по крајот на оваа сезона, но поканата од Ферари е доволна причина да се премисли и наскоро ќе стави потпис на договорот со Скудерија.

Домино ефектот ќе го комплетира Даниел Рикардо, кој според истиот извор ќе се пресели во редовите на Мекларен, тимот кој ја загуби битката за неговиот потпис минатата година, кога Австралиецот го напушти Ред Бул и се пресели во Рено.

Најважниот трансфер секако е тој на Саинц, кој ќе добие шанса да вози за тим од самиот врв и дополнително да го потврди потенцијалот кој го најави возејќи за Мекларен.

Целата приказна ќе се комплетира и со возачот кој ќе го пополни испразнетото место во Рено, а иако францускиот тим досега најчесто им даваше шанса на помлади возачи, нема да биде изненадување ако во нивниот болид се најде поранешен шампион како Фетел, па дури и Фернандо Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни