Поврзете се со нас

Формула 1

Саинц: Ферари добива повеќе критики од тоа што заслужува

Објавено

на

Ферари немаше премногу причини за радост на денешната Ф1 трка во Франција, односно единствената позитивна вест се бодовите кои ги освои Карлос Саинц.

Саинц успеа од 19 позиција да дојде до 5. место иако мора да се потенцира дека имаше можност да биде подобро пласиран, да дојде и до подиумот, меѓутоа во некои клучни моменто тој како и тимот погрешија и на крајот мораа да за задоволат со постигнатиот резултат.

Ферари како тим дефинитивно ќе добие критики и за денешната трка на Пол Рикар, но според Шпанецот сите тие коментари на нивна адреса се претерани во текот на оваа сезона.

Ферстапен профитираше од грешката на Леклер, фантастичен ден за Мерцедес во Франција

-Мислам дека тимот заврши добра работа во однос на стратегијата оваа година. Сè уште верувам дека Ферари добива повеќе критики отколку што заслужува за работи што им се случуваат на другите тимови, -порача Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни