Саха загрижен за најлошиот играч на Јунајтед: Фрустрирачки е да се гледа како игра на теренот

luis-saha

Оле Гунар Солскјер со својот офанзивен пристап успеа да врати во посакуван ритам голем дел од офанзивните играчи на Манчестер Јунајтед, но тоа дефинитивно не му оди од рака со Џеси Лингард кој зад себе остави година за заборав во која имаше убедливо најлоша статистика од цел прв тим на „ѓаволите“.

Офанзивниот играч ја заврши 2019-та година без ниту еден гол и ниту една асистенција, а бидејќи тоа се нема променето и на стартот на новата 2020-та година, фановите на Јунајтед се почесто се прашуваат дали тој поседува квалитет и капациетет за да го носи црвениот дрес на великанот од „Олд Трафорд“. Неговата ужасна статистика често е тема на разговор и меѓу аналитичарите во англискиот фудбал, а сега се огласи и поранешниот напаѓач на Јунајтед Луис Саха.

– Џеси има многу енергија и трча многу на теренот, но сепак има огроми потешкотии да се врзе меѓу редови, не може да создаде финален продукт за тимот. Кога го гледам како игра, навистина сум фрустриран. Тој прави многу добри работи, но во последната третина од теренот не едоволно добар, што е загрижувачки за офанзивен фудбалер. Има голем талент, но не е способен да си го пронајде вистинското место на теренот и затоа делува загубено. Кога ќе го направи тоа, ќе почне да постигнува голови, – вели Саха за „Bonus Code Bets“, напаѓачот кој го носеше дресот на Јунајтед од 2004-та до 2008-ма година, период во кој успеа да постигне 42 гола.

Facebook Коментари