Поврзете се со нас

Англија

Саха за пропустот на Јунајтед: Тоа е најголемата трансфер грешка во последнава деценија

Објавено

на

Foto:instagram.com/louissaha

Луис Саха фати едни успешни времиња на Манчестер Јунајтед, период на титули, победнички менталитет, нешто што многу му недостасува на овој состав и сите оние претходно по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон.

Јунајтед се бара повеќе од една деценија и никако да се пронајде, да фати ритам, да биде конкурентен за најголемите титули како оние во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Саха како играч имаше можност да ги освои двете во дресот на „црвените ѓаволи“ и дефинитивно му е тешко што го гледа клубот во ваква позиција. Меѓутоа според него тоа е резултат на големите грешки, а како пример ја наведе пропуштената шанса да се доведе Ерлинг Халанд, голгетер од светска класа кој од 2022 настапува за Манчестер Сити.

-Како навивач на Манчестер Јунајтед, ми беше тешко кога Манчестер Сити и Халанд објавија дека тој потпишува нов голем договор. Бев навистина вознемирен што не потпиша за Манчестер Јунајтед кога Оле беше таму – знам дека можевме да го имаме и тоа изгледа како една од најголемите трансфер грешки што Јунајтед ги направи во последната деценија!

-Како фудбалски љубител, задоволен сум што ги посвети своите најдобри години во Премиер лигата. Како што реков, кога ќе погледнете околу поделбата за напаѓачи од светска класа; суперѕвезди, мислам дека тој е единствениот. Драго ми е што ќе уживаме со него во Премиер лигата и што нема да им се приклучи на Реал Мадрид или Барселона. Многу сум задоволен што Премиер лигата сè уште може да биде главна атракција кога станува збор за возбудувањата во текот на сезоната и исто така главна атракција за врвни, топ играчи.

-Ми се допаѓа и посветеноста од него и неговиот клуб. Тие се на долг рок да освојуваат трофеи и веста ќе им даде поттик на сите поврзани со Манчестер Сити поради сите проблеми што се случуваат зад сцената. Ми се допаѓа и неговата лојалност. Тоа е огромен договор, но е заслужен. Исто така, не мислам дека постои опасност по потпишувањето на таков договор, желбата на Халанд да попушти. Изгледа е решен да ги собори сите голгетерски рекорди во Премиер лигата, -порача Саха.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни