Поврзете се со нас

Англија

Саха за ѕвездата на Јунајтед: Критиките се неоправдани, тој е одличен играч

Објавено

на

Луис Саха дел од својата кариера мина во Манчестер Јунајтед и секогаш сака да зборува за поранешниот клуб иако секако ќе му беше подраго ако можеше да говори за многу успеси, титули кои дефинитивно недостасуваат во витрините на „црвените ѓаволи“ по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон.

Французинот секогаш има конструктивни совети, размислувања, па така во последното обраќање преку „Педи Пауер“ зборуваше за искусниот Касемиро кој често знае да биде мета на критичарите. Бразилецот често е санкциониран од арбитрите, па на последната средба против Лутон беше заменет на полувреме затоа што веќе имаше еден жолт картон и постоеше опасност да заработи и втор во продолжението.

-Касемиро не е премногу стар за Премиер лигата. Новинарите постојано му се на грб, можеби затоа што стилот на игра на Манчестер Јунајтед не е вистински. Од минатата сезона, од него се бараше да направи премногу, а тој сепак успеа да го направи тоа. Тој даваше повеќе голови, мислам дека не даде толку голови во Реал Мадрид, ама презеде малку поголема одговорност во Јунајтед.

-Тој се обидува да притисне и да ја освои топката повисоко од теренот, што беше тешко за него. Луѓето ќе зборуваат за тоа дали тој има нозе за тоа и да тој е постар од пред три години, но сепак е одличен играч. Кога ќе ја врати топката, неговиот прв или втор допир секогаш ќе биде во нозете на напаѓачите или на Бруно Фернандеш за да започне контранапад.

-Тие елементи се клучни и особено кога игра со млади момци покрај него, тоа е многу важно. Луѓето имаат тенденција да се фокусираат на Манчестер Јунајтед повеќе од кој било друг, а тоа порано беше Кристијано Роналдо, но сега тоа е Касемиро бидејќи е врвен играч кој ја има освоено Лигата на шампионите. Вниманието е секогаш поагресивно на овие типови играчи и мислам дека тоа е неправедно, -порача Саха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни