Поврзете се со нас

Англија

Саха со нов совет до Солскјер: Тој не смее да си замине лесно од Јунајтед

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер доста лесно се откажа од Ромелу Лукаку откако Белгиецот не го исполни тоа што се бараше на „Олд Трафорд“, а англиските медиуми најавуваат дека истата судбина може да го снајде и играчот кој веќе извесно време добива жестоки критики од аналитичарите и поранешни легенди на клубот.

Антони Марсијал има разочарувачки биланс за еден напаѓач и со само четири гола на 21 натпревар во Премиер лигата секако им дава повод за критики на познатите експерти, но сега во негова одбрана застана сонародникот и поранешен голгетер на „ѓаволите“, Луис Саха.

Саха беше човекот кој најгласно и најискрено го советуваше Солскјер да го ангажира слободниот агент Единсон Кавани, а сега му порачува на Норвежанецот да не прави грешка и да не го продава Марсијал.

– За мене, Марсијал е топ играч, светска класа и тоа е сигурно. Сите го гледаат како „9-ка“, а кога не постигнува голови, нормално е да има коментари какви што има. Мора да остане силен и да верува во себе. Исто така, мора да биде себичен и да пронајде стил на игра кој ќе му одговара на него.

– Добива критики поради тоа што не е често во листата на стрелците, неговиот талент и желба никој не може да ги спори. Јунајтед не смее да си дозволи лесно да си замине, тоа е играч кој поседува многу квалитети во офанзивната зона, – порачува Саха во интервјуто за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни