Англија
Саха сигурен за топ четири распоредот во Премиер лигата: Немам никаков сомнеж околу тоа

Луис Саха своевремено беше еден од најталентираните и најдобри напаѓачи во Премиер лигата и тоа го однесе на „Олд Трафорд“, но откако стави крај на својата играчка кариера, повремено е доста популарен со своите прогнози за најдобрите тимови во Англија.
Во својата нанјнова колумна за „Бетфред“, Саха дава коментар за топ четири распоредот во Премиер лигата, за кој е цврсто уверен дека ќе остане непроменет после последното дерби кое се одигра на „Емирејтс“.
Арсенал ги презентираше своите шампионски амбиции со победата над Манчестер Јунајтед и практично ги врати „ѓаволите“ во реалноста, која спроед Саха е завршување во топ четири.
– Верувам во следниот редослед. Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Тоа се четирите тима кои и во овој момент се во топ четири на табелата.
– Немам сомнеж дека табелата ќе изгледа така. Единствено, Јунајтед може да заврши втор, додека Њукасл сигурно го гледам на четвртото место. Кога е титулата во прашање, сметам дека дојде времето за Арсенал. Изгледаат навистина добро и против Јунајтед покажаа карактер. Не гледам како би загубиле многу поени до крајот на сезоната, – вели Саха.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 19 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 22 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 21 час
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 23 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 18 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 6 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час