Поврзете се со нас

Свет

Саха: Рашфорд е на исто ниво со Мбапе

Објавено

на

Поранешниот француски репрезентативец, Луис Саха смета дека Килијан Мбапе и Маркус Рашфорд се свајца млади играчи кои се на исто ниво и со ист квалитет.

Мбапе со Монако и ПСЖ одлично се промовираше на големата сцена, а со Франција стана и светски шампион. Од друга страна пак Рашфорд има свои подеми и падови во Манчестер Јунајтед, клуб кој во него гледа играч, ѕвезда која ќе прерасне во лидер во иднина.

-Да. Двајцата се многу брзи играчи, тие имаат техничка можност да излезат од ситуации кога се опкружени со двајца или тројца дефанзивци. Во однос на позициите, Маркус и Калјан се доста слични. Тие сакаат да играат по крило, но исто така играат и во центарот. Силата на Калијан е што тој е многу директен, цело време. Тој не размислува двапати. Кога тој трча, мора да му ја дадете топката, тој е толку брз. Тој вид директност е нешто што го видовме и од Рашфорд.

-Кога започнуваше тој ги прашуваше дефанизвците-„дали сте доволно брзи и доволно добри за да ме задржите 90 минути? Во однос на квалитетот, тие се дефинитивно во истото ниво. Мбапе успеа да постигне поголема конзистентност и да и пристапи на играта без премногу да размислува.

-Со Јунајтед, Рашфорд е дел од тим во транзиција, па не можеше да се изрази. Тој мораше да биде лидер кога можеби во почетокот не беше неговата сила. Тој мораше да изгради квалитети што не требаше да бидат негови првичен фокус. Мбапе ја искористи предноста затоа што беше во можност да игра со играчите на ПСЖ кои се на највисоко ниво, така што тој успеа да изгради самодоверба и да проба различни работи, платформа што досега Рашфорд ја немаше, -истакна Саха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни