Поврзете се со нас

Англија

Саха нема дилеми кој би бил идеален наследник на Рангник: Тој е перфектниот кандидат за Јунајтед

Објавено

на

Луис Саха мина навистина убава етапа на „Олд Трафорд“ и дел од своите најдобри играчки денови ги мина во црвениот дрес на Манчестер Јунајтед, клуб кој се наоѓа во турбулентен период и по смената на Оле Гунар Солскјер.

Ралф Рангник беше доведен како привремено решение и тој сигурно ќе го води тимот до крајот на сезоната, но како поранешен голгетер на првиот тим и како освојувач на Премиер лигата и Лигата на шампионите, Саха си даде за право да говори за наслендикот на искусниот германски стручњак.

Французинот повремено говори за случувањата во Јунајтед и дава свои предлози до управата како што беше оној за ангажман на Единсон Кавани, па сега негов став е дека треба да се тргне по Зинедин Зидан кој се уште е слободен на трансфер пазарот.

– Ќе биде тешка одлука за клубот после Рангник, но како Французин, сметам дека Зидан е перфектниот човек за Јунајтед. Тоа би била перфектна врска меѓу две успешни приказни. Манчестер Јунајтед мора да му понуди доста поатрактивна визија од таа која ја има сега, но според мене, нема подобар кандидат за менаџер од Зидан.

– Тој ќе ја крене самодовербата кај многу играчи, веќе видовме дека може да го прави тоа како менаџер. Тој освои многу работи како играч, но и како тренер. Тој се покажа со млади играчи и од нив извади нешто што никој не го очекуваше. Сметам дека би направил извонредни работи во Јунајтед, – потенцира Саха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни