Поврзете се со нас

Англија

Саха: Аморим ја направи првата грешка во Јунајтед

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Рубен Аморим со одличните резултати во Спортинг Лисабон се наметна на фудбалската сцена и го привлече вниманието на поголемите клубови, а првиот топ предизвик ќе го има во редовите на заспаниот англиски великан Манчестер Јунајтед.

Јунајтед веќе долго време не е истиот клуб по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон, се променија доста стратези, врвни имиња, ама ниту еден од нив не успеа да го стабилизира што доволно говори каква ќе биде задачата на Португалецот.

Притисок сигурно ќе има, исто така и високи очекувања, а иако се уште нема дебитирано на новата функција веќе се говори за еден негов потег, откажувањето од Руд Ван Нистелрој.

Руд во оваа сезона беше дел од стручниот штаб на Ерик Тен Хаг, потоа четири натпревари го водеше тимот како главен тренер и беше подготвен да остане и му помогне на Аморим, но беше донесена одлука да си замине затоа што стратегот сака да работи со свој тим, свои луѓе.

Некогашниот напаѓач на Јунајтед, Луис Саха смета дека со ова Португалецот ја направил првата грешка како предводник на премиерлигашот.

-Да му се дозволи на Руд ван Нистелрој да го напушти клубот е првата грешка на Рубен Аморим. Аморим ќе проопушти да го има тоа разбирање за клубот, како и информации за тоа што се промени во последните четири натпревари. Таа информација е од клучно значење за да го одведе клубот напред со играчите сега повторно да се чувствуваат удобно.

-Заминувањето на Ван Нистелрој е голема штета,  разбирам дека новиот менаџер сака да донесе свој персонал, но неговото присуство ќе помогнеше да се извлече најдоброто од играчите, -порача Саха.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни