Светски првенства
Сагосен шокиран од условите во Египет: Ова е „див запад“

Светското ракометно првенство денеска официјално започна во Египет, а од утре својот прв настап ќе го имаат повеќе селекции, меѓу кои и македонската.
Покрај публиката која во меѓувреме беше елиминирана од ИХФ, ракометарите се плашеа и од условите кои ќе ги обезбеди африканскиот домаќин, нешто што сега го потврдуваат и репрезентативците кои се подготвуваат за своите настапи на мундијалот.
Најдиректен засега бил предводникот на Норвежаните, Сандер Сагосен, кој за медиумите од својата земја открил какви се условите во Египет.
– Ова е трагикомично, вистинска трагикомедија, се досега изгледа како добра шега.
– Вакви услови се неприфатливи, вчера бевме шокирани кога стигнавме, а денес е уште полошо. Имавме тренинг на мало парче трева, веќе им го кажав моето мислење на оние кои се задолжени за организацијата, – изјавил Сагосен.
Норвешкиот репрезентативец е изненаден и од фактот што не функционира најавениот „меур“ на ИХФ во хотелот каде се сместени.
– Не знам ни дали ова може да се нарече „меур“, луѓе доаѓаат и си одат без маски, сите јадеме заедно. Ништо не е под контрола, не се чувствуваме сигурни и можеме само да се молиме да не се заразиме. Ова е „див запад“, – потенцира Сагосен.
Норвежаните утре го започнуваат настапот на СП со дерби натпревар против Франција.

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 12 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 15 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 10 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме