Саган до втора етапна победа, жолтата маичка останува кај Ван Авермет

sagan-staza-5

Денеска на програмата на најпрестижното велосипедско натпреварување „Тур де Франс“ беше петтата етапа, каде учесниците ја минаа 203 километри долгата ридска патека од Лориент до Кемпер.

Најдобар на денешната трка беше словачкиот велосипедист Петар Саган, кој патеката ја мина за 4 часа и 48 минути и со тоа ја задржа зелената маичка за пласман во бодови.

Исто како и на втората етапа, Саган по последниот спринт зад себе го остави Италијанецот Сони Колбрети. Во првите пет место имаше за Филип Жилберт од Франција, Алехандро Валверде од Шпанија, како и за домашниот велосипедист Жилијан Алафилип.

Во генералниот пласман, жолтата маичка трет ден по ред ќе остане кај Белгиецот од БМЦ, Грег ван Авермет, кој има севкупен резултат од 18 часа и 22 минути, со две секунди предност пред Тиџеј Ван Гардерен од САД, додека трет е Жилберт.

Facebook Коментари