Саган со трета етапна победа, Томас останува прв (Видео)

sagan-13

На најпрестижната велосипедска турнеја „Тур де Франс“, учесниците денеска ја минаа тринаесеттата етапа од Бур Доазан до Валанс долга 169,5 километри.

Како најдобар денеска се истакна словачкиот велосипедист Петар Саган, кој во фото-финиш беше подобар од Александар Кристоф од Норвешка и францускиот натпреварувач Арно Демар. Зад нив останаа Џон Дегенколб од Германија, како и привремениот носител на жолтата маичка од минатата недела Грег Ван Авермет.

Во генералниот пласман на првото место се наоѓа Герајнт Томас, кој веќе трет ден ја носи жолтата маичка. Зад него, со заостанување од 1 минута и 39 секунди е неговиот сонародник и тимски колега Крис Фрум, додека на третото место е Том Димулен со 1 минута и 50 секунди негатива. Во топ5 се уште и Словенецот Примож Роглич и „домашниот“ Роман Барде.

Утре на програмата е 188 километри долгата ридска етапа од Сен-Пол-Труа-Шато до Менд.

Facebook Коментари