Поврзете се со нас

Евролига

Сагадин за големиот ремонт на Партизан: Да не беше Обрадовиќ, потегот ќе го наречев самоубиство

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Кошаркарскиот клуб Партизан летово направи голема реконструкција на тимот и тренерот Жељко Обрадовиќ ќе смета на целосно нов тим, со кој ќе се обиде да ги оствари клупските амбиции.

Во интервју за портал, словенечкиот стручњак Змаго Сагадин ја коментирал ситуацијата во редовите на белградскиот великан и не го крие изненадувањето од потегот на клубот.

– Да не беше Обрадовиќ тренер, би рекол дека ова е самоубиство.

– Никој не го менува целиот тим, сите тренери бараат континуитет, а Црвена Звезда на пример задржа девет играчи. Тоа е континуитет.

– Сепак, бидејќи на клупата е велемајстор каков што е Жељко, тоа нема да изгледа толку лошо како што се чини. Сепак, не верувам дека можат да постигнат некој посебен резултат, – рекол Сагадин, кој пред десет години кратко го водеше и МЗТ Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни