Поврзете се со нас

НБА

Сабонис му го украде шоуто на Јокиќ, Филаделфија продолжи да тоне без Ембид

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SacramentoKings

Домантас Сабонис го предводеше Сакраменто до убедлива победа над актуелниот шампион Денвер, а Литванецот го презема водството во трипл-дабл битката со Никола Јокиќ.

Сабонис го завршил натпреварот со 17 поени, 17 скокови и 10 асистенции и бил најзаслужен за триумфот на Кингс, додека Јокиќ реализирал 23 поени, па неговиот „трипл-дабл ривал“ сега има 16, односно еден повеќе од Србинот.

Лос Анџелес Лејкерс одигра фуриозен втор период против Њу Орлеанс и дојде до важна победа на домашен терен, а најдобри поединци биле Расел со 30 и Ривс со 27 поени. Вилијамсон со 30 поени повторно бил најдобар реализатор во составот на Пеликанс.

Бостон и Милвоки остварија сигурни победи на домашен терен, додека Филаделфија загуби уште еднаш без Ембид, овојпат од Атланта на домашен терен.

Филаделфија-Атланта 121:127
Бостон-Вашингтон 133:129
Торонто-Хјустон 107:104
Милвоки-Шарлот 120:84
Сакраменто-Денвер 135:106
Л.А Лејкерс-Њу Орлеанс 139:122

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни