Англија
Сабицер добро го познава Јунајтед: На Тен Хаг му недостасуваат тројцата лидери во тимот

Марсел Сабицер мина краток период на „Олд Трафорд“ и доволна му беше полусезона за да се заљуби во моќта на „Олд Трафорд“, па австрискиот репрезентативец вели дека редовно ги гледа натпреварите на тимот кој го предводи Ерик Тен Хаг.
Сабицер вториот дел од минатата сезона го мина во Јунајтед и постигна неколку важни голови за тимот, а како човек кој добро знае што се случува во соблекувалната реши да даде свој став за слабите резултат на тимот од стартот на новата сезона.
Актуелниот фудбалер на Борусија Дортмунд смета дека голем хендикеп за Тен Хаг се тројцата лидери кои се отсутни од тимот, јасно издвојувајќи ги имињата на Касемиро, Лук Шо и Лисандро Мартинез.
– Имав навистина позитивно време во Јунајтед и се уште сум во контакт со дел од играчите. Сите се прашуваме што им се случува, имаат неколку порази на домашен терен, нешто што беше незамисливо минатата сезона. Сметам дека проблем предизвикува и нерешеното прашање околу продажбата на клубот.
– Жалам што ги гледам во такво светло бидејќи ги знам сите момци. Сите се гладни за успеси, но тимот има проблем поради отсуството на тројцата лидери. Касемиро, Лук Шо и Лисандро Мартинез се играчи кои се важен дел од костурот и кои носат стабилност во тимот. Тен Хаг има јасни идеи, но не може да смета на своите најдобри играчи на секој натпревар. За да имате успех во Премиер лигата и Лигата на шампионите, мора да сметате на своите најдобри фудбалери. Кога тие ќе се вратат, работите ќе се променат и на теренот, – изјави Сабицер за „Атлетик“.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча