Поврзете се со нас

Италија

Сабатини за можноста Ибрахимовиќ да се пресели во Болоња: Тоа би било прекрасно, ама не можам…

Објавено

на

Спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини ја искоментира изјавата на Синиша Михајловиќ за можен трансфер на Златан Ибрахимовиќ на „Ренато Дал’Ара“.

Михајловиќ посочи дека Зланат сигурно ќе си замине од Милан по крајот на оваа сезона, а една од опциите е да се пресели во неговата Болоња каде што е тој тренер.

Михајловиќ: Ибра сигурно нема да остане во Милан, му остануваат две опции

-Тоа е нешто што може да се развие само преку нивното пријателство и взаемно восхитување. Трансфер операција во која е вклучен Ибрахимовиќ не е нешто кон кое цели Болоња. Тој сигурно ќе го подигне нивото на сите околу него, па секако дека ќе биде прекрасно, ама не можам да кажам дека верувам дека тоа ќе се случи, -истакна Сабатини.

Ист став има и директорот за спорт на калчолигашот, Рикардо Бигон.

-Тренерот има личен однос со Ибрахимовиќ, но не знам дали тоа би можело да се претвори во преговори, -порача Бигон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни