Поврзете се со нас

Светски првенства

Сабате со прв коментар по поразот на Чешка: Секогаш е задоволство да се игра пред ваква публика

Објавено

на

Фото: facebook.com/czechhandball

Чешката ракометна репрезентација не успеа да направи подвиг во жешката атмосфера во Скопје и уште еднаш доживеа елиминација од Македонија на бараж натпреварите за големите натпреварувања.

Гостинскиот селектор Хавиер Сабате на прес-конференцијата истакна дека неговите ракометари не ги искористиле шансите за да стигнат до посакуваното реми и им честиташе на македонските ривали за пласманот на СП.

– Прво сакам да и честитам на Македонија за победата и пласманот на Светското првенство. Беше фантастично да се игра во ваква атмосфера, секогаш е задоволство да се игра овде.

– Што се однесува до натпреварот, имавме свои шанси во второто полувреме, во завршницата не реализиравме четири напади по ред за да стигнеме до израмнување.

– Македонскиот голман беше одличен денеска, бевме блиску во финишот, но противникот доби пенал, а спортот е таков и некој мора да загуби, – изјавил Сабате.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни