ВТА
Сабаленка стартуваше со победа, па поцрвене од срам од предизвикот на Докиќ (Видео)

Арина Сабаленка со доминантен тенис ја започна одбраната на титулата на Аустралијан Опен, грен слем турнир кој стана омилен за Белорусинката.
Најдобрата светска тенисерка во овој момент продолжи онаму кадешто застана во изминатите две години, па така рано утрово без проблеми ја совлада Слоун Стивенс, славејќи со 2:0.
Арина немаше проблеми во остварување на целта и загуби вкупно пет гејма во двата сета (6:3 и 6:2), но ситуацијата стана доста понезгодна за неа кога доби еден предизвик од Јелена Докиќ.
Австралијката со балканско потекло стандардно е задолжена за водење интервјуа по крајот на натпреварите, а овојпат реши да и даде интересна задача на Белорусинката.
Сабаленка често знае да изведе специфичен танц со својот тим пред стартот на Аустралијан Опен, но Докиќ сега побара од неа да го изведе истиот и пред полни трибини, нешто што никогаш досега го немаше направено.
Арина поцрвене од срам и мораше да биде опуштена од својата соговорничка, а Јелена се погрижи работата да биде поеднставна за неа такашто и се приклучи во танцот.
There is a first for everything 🤣
Aryna Sabalenka and the Rod Laver Crowd do an on court TikTok 💃
#AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/kNtQSVyFLU— #AusOpen (@AustralianOpen) January 12, 2025
-
НБА18 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија11 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија15 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија13 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА18 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП12 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија19 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија8 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)