АТП
Сабаленка разочарана од нееднаквоста во тенисот: Тоа не е праведно
Арина Сабаленка го прескона олимпискиот турнир во Париз со цел да биде што подобро подготвена за новата турнеја на бетон, односно турнирите на американско тло кои завршуваат со Ју-Ес Опен.
Белорусинката влегува како една од најголемите фаворитки за освојување на титулата на Флешинг Медоус, а тоа го потврди и со изданието во Синсинати каде се закити со трофејот.
Сабаленка без проблеми ја надигра Пегула во финалето, но неколку дена по одиграниот меч, посочи дека финишот на двата турнири во Синсинати се најдобар доказ за непотребната нееднаквост во машкиот и женскиот тенис.
Арина инкасираше 523 илјади долари како премија за освоениот трофеј во Синсинати, што е за половина помалку од она што го доби машкиот победник, Јаник Синер (1 милион и 49 илјади долари).
– Гледајќи од перскептива на телевизиските права, продажбата на билети и се слично, сметам дека таквата распределба е неправедна. Мажите секогаш ќе бидат физички посилни од мажите, но тоа не значи дека не работите напорно како нив. Ние жените заслужуваме да бидеме платени исто како мажите. Последниот турнир ја покажува нееднаквоста во нашиот спорт, – вели Сабаленка.
-
Италијапред 16 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 15 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 15 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 20 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 18 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент