Поврзете се со нас

АТП

Сабаленка и Пегула ќе се борат за титулата на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Арина Сабаленка и Џесика Пегула ќе се борат за титулата во женска конкуренција на Ју-Ес Опен, откако Белорусинката и Американката ги минаа претпоследните пречки во Њујорк.

Втората носителка повторно не загуби сет и ја победи Ема Наваро со 6:3 и 7:6, што всушност значи дека Сабаленка втора година по ред ќе игра во финалето на последниот грен слем, а повторно ќе има за ривалка домашна тенисерка.

Арина пред една година загуби во големото финале од Коко Гоф, но оваа сабота за ривалка ќе ја има Џесика Пегула која се избори за прво грен слем финале на 30 години.

Откако ја надигра Ига Швојнтек во четвртфиналето, Пегула со голема самодоверба влезе во полуфиналната пресметка, па сега јасно е дека ќе има огромна поддршка и во големото финале како домашна тенисерка.

Пегула утрово одигра три сета против Каролина Мучова и успеа да направи пресврт, односно се врати од разочарувачкиот прв сет кој го загуби со 6:1 и се избори за прво финале во кариерата (6:4 и 6:2).

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни