Поврзете се со нас

ВТА

Сабаленка до својот тим по поразот во финалето: Вие сте виновни, ве мразам и не сакам да ве видам (Видео)

Објавено

на

Арина Сабаленка тешко го прифати поразот во финалето во Мелбурн и се обидуваше да го скрши рекетот откако се ракуваше со Медисон Кис, но откако успеа да ги прибере емоциите, Белорусинката уште еднаш се покажа во оригинално издание.

Најдобрата светска тенисерка за првпат загуби во своето трето финале на Аустралијан Опен, па покрај тоа што имаше честитки за американската ривалка која денеска беше извонредна, за крај не пропушти да се пошегува со својот тим.

Сабаленка загуби со 6:3, 2:6 и 7:5 и беше детронизирана на својот омилен терен, а по епизодата во која ги искажа сите свои фрустрации, следеше момент во кој ги изнасмеа сите присутни на трибините.

– За крај да го поздравам мојот тим. Како и секогаш, вие сте виновни за ова. Ве мразам и не сакам да ве видам барем една недела……

– Како и да е, ви благодарам за се што правите за мене и бла бла бла…… Мислам дека го дадовме најдоброто, самошто Медисон играше неверојатно, не можев да направам ништо повеќе на овој меч. Следниот пат кога ќе играм против Медисон, ќе прикажам подобар тенис, – изјави голема шампионка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни